најдоа погодно време 6 септембар четириесдруга година. Тогај се играше, тоа беше недела, се играше фудбал. И сметаа дека ќе има многу посета на игралиште, на игралиштето, и ќе има публика. И тогај искочивме ние, едната група што одеше напред, водеше напред, а ја бев позади. Во таа група бев најпосле. И бев наоружан сос бомби и пиштол. И кога дојдовме на игралиштето јас, како најпоследен што одев од групата, се сретнав со Славна Пешева, Пешевска. Нејзиниот брат Коце Пешев беше у село шумар. И таа почесто пати идеше у село сос неа, ја танцуев сос неа. И добро се познававме. И кога бевме на игралиште у Велес сос неа се сретнав и се поздравивме. Ама мојата младост и неискуство си го направи своето. По кратко време стана пукање, бегање, трчање ваму, натака - навака, и двоица од овие велешаниве видов пред мене ги утепаа. А тие беа Коле Пинговски и Трајче Панчев, Пангов. И тогај мене ме уапсија. А у Велес министерот за внатрешни работи Петар Габровски одржаваше састанак со пријатели нивни у Велес. И тогај мене, а, ме уапсија ме спроведоа у касарната. Временски код: 6 : 10 Интервјуист: Кој ги уби овие двајца? Сведок: Овие ги убија полицајците пред мене. Над десет метра немаше. И тие луѓе погинаа ни криви, ни дужни. Беа обраснати малку со брада. И сумљаа на ним. И после мене ме однесоа у касарна. И у касарната ме затворија у едно оделење, поминаа може дваесет, триесет официри. Да видат, они мислеа некоја, некоја, јас сум некоја голема личност. Така мислеа и дојдоа, ќе шетаат, други, други ќе шетаат и ќе ме видат. И околу дванаесет ноќта дојде полиција и ме качи у оние мотори сос приколка. И ме однесоа у затворот у Велес, у Истражниот затвор. Таму многу ме мачеа. Ми ги ставаа на нозите, нозите вака на скелија и со гуми маваа и после кога ќе помодреа нозите ќе ме ставеа у вода и најпосле ме тераа да трчам наоколу. Еден клоцни ме натака, другиот клоцни ме натака, и така ме начекаа. И имав коса голема. Ме фаќаа за коса и ме влечеа. Косата ми беше искубана. И утредента ме спроведоа за Скопје. Кога отидовме за Скопје на местото Пуста кула имаше војници, а овој беше теретен камион. И застана тука, војниците се качија и мене ставија доле врзан со рацете, и вие војниците ме тепале по главата. Доле. И сум изгубил свест. И кај местото, овај, Ајдучка чешма имаше вода, па земале вода и ме миеле и така ме освестија. И ме спроведоа за Скопје. И за Скопје на 14 септембар илјљаду девсето четириесдруга година не извикаа од затворот да спаднеме доле и јас кога спаднав доле видов еден минибус непокриен и околу

Comments