мене многу ми помогна шо ја добро го познава теренот, и ноќта ми помогна, бришаниот простор што беше го избегнав и дојдовме на едно така мало ритче и се одвоивме. Душан, овај, Панче Пешев отиде за Велес, а јас за село. Тука стоеја подолго време заради тоа што,овај, полицајците чекаа друга група од Велес. А овие шо беа селаниве беа стрелани без судска пресуда. И главен очевидец за тоа беше Панче Ќурчиев од Велес, возач на син, на минибусот. И он тоа го расправаше многу добро. За случајот шо чекавме уште повечко да дојдат од велешката група, Јордан Грковски мене ми расправаше, ми го кажа следното. Истиот ден, на истата дата, во истото време од велешкиот затвор, ах, ги извикале, овај, Јордан, Костадин, Душан и Никола Грковски. А Славе, Владо и Славе, браќа Ивеви, Панче Ацев од Велес и Цана Димовска отидени се во Велешко. Спаднале доле, имало камион сос, овај, сос церада. Им наредиле да се качат, тие се качиле и продужиле за, од градот искочиле. Кога дошле кај местото Буст, овај, Башино село на нагорнината, тука камионот останал у дефект. Шоферот долго време го правел, го поправал, и најпосле го фатило ноќ. Некој го отклонил дефектот и го продужиле патот. И кога дошле кај местото Пуста кула вишле од десна страна минибусот, овај, паркиран. А тој од церадата ѕирнал, била по малку скината, ѕирнал од церадата десно, вишол расфрлани алишта. И тоа, алиштата биле овие стрелани луѓе. А пред камионот имало запрежни, а, коњска запрега. Тие биле пазарџии од Куманово оти утредента па у Велес е пазарен ден и се нашле тука. После тоа патот, вие шо биле го продолжиле за Скопје. И ние, ја кога отидов у село и имаше тогај една шуга. Краста. И кога одеш ноќно време ако, од потта, овај, многу штипе. И јас се бањав разбираш, овај, се избањав, ама немав саат и закаснев, ме фати вака денкаво. И неотидов у таа нашата племна, имаше друга племна до нас, и ја отидов у таа, викам ај може не е сумљиво толку. Ја отидов у другата племна и ставив едни јажици, овие од снопјето што се јажици, врзани, и ги ставив вака над очите. А надоле у сламата закопан. И си мислев, сега, викам, како сум си легнал, тогаш спање дека од тоа бањата дотерав малку, и еден од тие комшиите дошол, а, Геле Димовски, да ја земе жицата да покрива надвор, овај, тоа окопите. Кога ми згазна на гради вака и ја рипнав, он летна да бега, ја го фатив за нозе и го пикнав внатре. и му реков да не кажуе на никого оти вака, така, тој ми обеќаше. Арно ама он кажал на полицијата и полицијата дојде. Ја собрале мајка ми, мајка на ножови, и ми вика да искочам. Мајка ми вика, и викат нејзе, или нека искочи или ќе те бутнеме унатре и ќе ја запалиме племната и ќе изгореш и ти и он ќе изгоре. И мајка ми ми викна, ја немав оружје, искочив и ме фатија.

Comments