Ме спроведоа во тој саат во општината. Кога отидовме унатре у тоа холот седевме ние и овој кметот што беше му јавуе на началникот у Велес. Дека тој бандит го фативме ние, овдека е. Ама пошто е вака на врата се слуша и он му вика на него: Утепајте го. А овај му одговара: Мие не, ти утепај го. И после ме спроведоа за Велес. И у Велес бев у затвор така подолго време, и мене ме ставија, тој у Велес немаше многу ќелии, ме ставија у ходникот, вака беше дугачок, и таму лежев. А другите имаше две - три соби, па лежеа овие другиве шо беа затвореници. Овие шо беа агентите, кога ќе идат низ градот ќе се опијат и ќе дојдат: За каков си ти? И јас не знаев да се кријам, бев многу млад, неискусен, викам: Па бев шумкар. А шумкар? И удри, тепај, клоцај, тамо, вамо. А имаше еден Боро Вишин, до мене во една соба ќелија. и кога полицаецот не беше тука, вика: Немој да збораш дека си шумкар. Кажи му дека на комшијата си му го искорнал бостанот. И јас тоа го употребив и после престанаа, (неразбирливо) и пцујат. И така и после ме спроведоа у Скопје. Кога отидов у Скопје, ме ставија мене у, у соба број седум. Таму. И, и срудите ги распоредија у соби осум и седум, разбираш. А, тогај јас не знаев за саат. Тогај не знаев за саатот, ја не сум имал саат ја никогаш. И оној Васко Ванделаров од Прилеп, он ми вика: Ноќеска ти ќе бидеш дежурен. Како бејас да бидам дежурен, немам саат, не сум учен ја. И ми ги кажуеше сказалките. И ги сфатив јас. Временски код: 20 : 39 Интервјуист: Зошто дежуравте? Сведок: Па дежурав оти имавме сознание дека вечерта ќе бесат некого. И ќе го беселе оној Перо Наков од Куманово. И околу дванајсет сатот, ех, го гледам сатот ја и он извика: Да живее Комунистичката партија на Југославиии и толку беше. И тоа, нас не известуеше, овај, забораив како го викаат, а, Грчето. Он беше тишлер, он беше доле, работеше, фати врска сос овие, тие шо одеа у град, па се поврзасо партиската организација у Велес, а партиската организација у, не у Велес, у Скопје беше, овај, ах, го заб, не ми текнува сега како го викаа. Го знам убаво ама, Богоев. А тогаш беше и председник на владата он. По покасно нели беше и преку него добијаме ние врски. И кога ги бесеа ги викаа, разбирап, изгледа овие, обвинителот, попот и лекар. Значи попот прво, прво ќе ги пееше, а, а докторот че кон, ќе констатира смрт. А обвинителот е присутен дека е изврпено делото. Тој, а, и тогашкога ги спремаа да ги бесат Благој Давков, овај, Јован Басаровски, и су, а Цумата од Струмица. Тие троица. И кога да ги изнесат и ги припремале за, за бесење. И Јован Бацаровски седнал на https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection карцер таму, беше јануар месец и вика, бара од мене да му барам ќебе. А доле, доле беше по, тука доле пред карцерите беше на радијаторот плоча. Истовремено тука беше и Коле Чашуле. А Коле Чашуле имаше два разреда завршено медицина тогај, а лекарот што беше овај Бугаринот, у собата пет беа малолетници. Тој вршел сексуални односи со децата. А и оваа управата разбрала за тоа и почнала да го потркуе, да го сослушуе за тоа и тој се обеси. Он се обеси и дојде Чашуле на негово место. И јас, кога ми рекоан да да му однесам на Јован му однесов една, овај, ќебиња, а тој, еден Шиптар имаше од Дебалде, од Косово, висок така еден Шиптар, и го потстрижуе, го дотеруе така. И ја застанав до него и Јован ми вика: Сакам да ти кажам нешто. И го погледна, тој беше висок Шиптарот, ама на Шиптарот не му текна. Ама ја сос десната рака моја го бутнав натака и тој примети и се оддалечи. А овој (неразбирливо) и Коле Чашуле, овај Плочев, се расправаат. Ама више што се расправаа, овој трча накај мене и ми вика: Сега мамката твоја, ќе те пикнам тебе у карцер. Ја од другата страна побегнав и се качив горе, а Ратко Богоевски, доктор Ѓорѓи Блаер овај беше, тој беше Евреин. Забар беше тој. И вика: Шо е работата? Му викам вака и вака. А доктор Блаер ми вика: Не се плаши, тој не смее да те стави во затвор. И така завршија и тие ги бесеа. И еден од тие затворениците, не знам кој, има железни оние, за вршење на нужда, со поклопци. А ги бесеше Аврам. И Аврам да го удри некој по раката, го оставил, не може да врши бесење. Е сега ќе ги бесе, се нашол тој Тошо Жути. Скопјанец он. И он сега кој ќе ги беси. И он ги обесил затоа. Арно ама ние разбравме тука и на Ксенте Богоев, на секретарот на партијата шо беше у Скопје, му кажавме. И еден од тие членовите на партија му, му пишале писмо на Тошо: Жути дека после ослободувањето на Скопје ќе висиш на Камени мост. Не помина четири месеца, дали од тоа човекот тој умре. И така таа работа таму заврши. Временски код: 26 : 42 Интервјуист: А кажете ми дали ги видовте Вие лично попот, докторот и обвинителот како влегуваат во затворот? Сведок: Не, не, не, не. Ние бевме горе, ние тоа не го видовме. Јас само за дежурството знам, а за овие ни кажаа нас овој Никола Грчето, оти он беше уфрлен таму, ме разбираш, осуети некои работи и му кажале, го однесле унатре. Интервјуист: Дали слушавте како пее попот... Сведок: Не, ние бевме горе, не го чувме, само ни кажаа дека биле, дека тие се присутни за тоа. https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection Интервјуист: Ми споменавте дека имало некој докторт Блаер. Сведок: Влав беше тој, овај Евреин беше тој. Ѓоко Евреинот, овај Ѓорѓи Блаер. Тој забар беше, доктор забар. Интервјуист: Тој беше исто затвореник во затворот или... Сведок: Да, да, затвореник беше тој, осуда имаше на петнесет години. Он беше суден и Бранко Фриц. Што изврши атентат на Мачката. И они беа двоица тука. Евреи двоица беа. Интервјуист: Зошто беше овој докторот осуден? Сведок: Па тој беше како организатор низ Скопје за млада партиска организација и помагаше на покретот. Он беше осуден на петнаесет години. Интервјуист: Што се случи со него? Дали знаете? Сведок: Па ние кога се ослободиме од затворот и тој се ослободи и отиде у Скопје. И тогај, овај, обвинителството што е за Македонија и судииве, он беше главен таму, раководеше со тоа. И ги викаше луѓево што беа од нашето село што правеле Бугарите, а не ви кажав тогаш за овој, ме бараше мене Јордан Јордановски, тој беше главниот на, на полицијата за Македонија во областа. Тој. Оти тој кога ме бараше мене, они мислеа јас сум некоја којзнае каква личност оти мојот братучед Стојан Бурчевски Буридан он беше за Бугарите страв и трепет. Шо ќе видеше се ги колеше, разбираш. И он е од таа фамилија и мислеа дека и јас сум некоја личност таква. И ме викна таму, ми дојде еден полицаец со едно ланче вака, ме врза и ме воде. И он седе таму, ја стојам од оваа страна, ме гледа вака, се пуле натака, навака, најпосле стана, шета вака. Он мислеше некој богзнае што сум јас. И најпосле кога ми акна една клоца и една витрина имаше позади, ја акнав у неа и скршив се. Тоа стаклото. И вика: Мрсник, мрснак, уште и штета ни правиш овде. И така, помина тоа. Интервјуист: А кажете ми, дали Ве судеа додека бевте во Скопскиот истражен затвор? Дали имавте судење? Сведок: Па нас не однесоа на 2 децембар четириес и втора година у Велес. Оти ниекога искочивме од затворот ни ставија ланци на нозите и ги носевме ланците. И не качија, тогај беше возот за Велес, и кога одевме за Велес тоа дрвата иња, иње. Ја мислев да не е снег.Да бе викам, шо е ова, снег ли паднало. Не бе, вика, каков снег, иње е тоа. Бели тоа дрвата. И дојдовме у Велес, и на судење. Четири дена трае судењето. Кога отидовме на судењето таму ги построија и читаат,таму читаат во судот. Прво го осудија братучед ми Стојан Бурчевски https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection Буридан, Стојан Бурчевски. А таму стоеја троица контраши. Пано од Ветеско и Илиевски Диме ми се чини го викаа, од село Срп, а третиот беше Гоце Сребров. Временски код: 30 : 57 Интервјуист: Кои беа тие контраши? Сведок: Па тие кон, тие контраши беа, а, у Велес борците кога водеа големи борби сос, кои им беа голем успех, и бугарската полиција формираше контрачета, контрачета за борба против партизаниве. И тие тогај дејствуева. И тој кога го читаа првиот си, овај, првиот (неразбирливо) и вика тој: Стојан Бурчев. А тој Пано Манов шета вака и вика: Му ебам мамата србоманска. И почлна да ги чита сите по ред, разбираш, четиринаесет души шо се у илегалство. А четиринаесет души па мие присутни тука. И после тоа, у тоа време, го фатиле Јован Басаровски, измрзнат бил многу, и го чувале у участокот у Чашка. И не го дотерале на судење додека да помине ова. Арно ама кога пресудата ја искажаа не го донекоа, го донесоа таму. И ја кога се качив горе он гледам седнал, седе и со една долама со рачинки така, како овоа што е стаклото таква беше, а овдека, ја дојдов до него, и му кажав јас, ја бев малку неискусен, и му кажав дека: Си осуден на смрт. И, и ми го подигна вкаа ревероти петокрака. Ја му викам: Сметни ја петокраката. А он вика: Не. Нека стое. Ми рече: Дај ми леб. Мене од дома ми донесоа леб, тие погачи селски, ја намачкав со маст, малку црвен пипер, додека ја заврте ја лапна. Дај и уште едно, уште едно му дадов. И дојдоа и другите, се собраа сите, и нас не спроведоа пак за Скопје. А на Јована, Јован бил ранет овде, овдека. И му, бугарска полиција горела железо и му пикала тука, тука. А за воа расправаше еден од Кочани. Чоек кој заедно биле затвор. И му расправал на Планинска, на, на од Велес велешанецот Планински, и му рекол него: Пиши ми едно писмо. И тој од Кочани му пишал писмо на Планински и Планински додека беше жив ми кажуваше дека е у неговата архива. Дали стое сега не знам. И така, значи, како го измачуеле, тешко. Интервјуист: Каква казна Вас ви пресудија? Сведок: Мене ме осудија као малолетен десет години. Сите малолетни ги судеа по десет години. А овие, а, овој Бранко Фриц, Јаковлевски Трпе и Ѓоре, овој, Јачето, тие беа атентатори на Мачката. На оној, оти он беше у синдикатот тогај работеше Мачката, после се префрли у, у агентите бугарски и он ги знае сите комунисти и почнаа да ги апсат. И Ксенте Богоев со партијата донеле одлука да го ликвидираат. И него го, а, го начекале и го ликвидираа, ама ги уапсија после и ги осудија по петнаесет години. И лежеа затвор. https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection Интервјуист: Со колку, додека траеше бугарската окупација, со колку години луѓето стануваа полнолетни? Временски код: 35 : 00 Сведок: Па ги рачунаа пунолетни над двајс и една година. Интервјуист: Дваесет и една година? Сведок: Тие над двајс и една година ги судева на смрт, а пред тоа само ги осудуева така. Е вака ако го (неразбирливо) тоа е друго. Интервјуист: До кога останавте во затвор? Сведок: Па ние, а, останавме до дваес девети август четириес четврта година. Тогај отидеме у, а, од затворот искочивме, ја поминавме реката Вардар. Нас не водеше Абдуш, овој скопјанецот. Интервјуист: Како излеговте од затворот? Сведок: Па види, од затворот кога искочивме првиот ден не спремаа нас, а, нашево руководство, овај, а, Ѓорѓи Блаер, после Перо Тикварот и Коле Чашуле праеја сос, у Скопје, сос, овај, управата на затворот да им гарантираме ние, да им гарантираме животите сигурни, да нас не ослободат. И тоа го напраија тие. Првата вечер излеговме у холот, арно ама имаше многу голема месечина, а Германци врвеа нагоре - надоле, оти ако сетеа, ќе не фатеа и ќе не истепаа сите. И не вратија па назад. И другата, другиот ден па искочивме, ја немаше, немаше месечина, арно ама беше договорено и Трета кумановска бригада да го нападне затворот. И, оти мене еден од тие назараторите, имаше еден стар, у години, добар беше човекот, и праеме муабет и ми вика: Ја гледаш онаа планина? Таа е према Дивље. Викам: Ја гледам. Таму има, вика, партизани. Тој ми, тој назарателот ми рече мене. И, ах, таа вечер кога искочивме последњата, истовремено напаѓаат и партизаниве. Ама имаше војници Македонци на затворот, војници беа, стражари. И тие ги на, ги запознаа, и не пуштија и ние преку Вардар. Кога почнавме преку Вардар да минеме и наеднаш стана пукање. Тогај бигадата кумановска го нападнала затворот. Арно ама ние бевме искочени, и после не стасаа нагоре кога одевме за накај Китка и, ах, наидеме на митролеска чета таму. И погинаа, еден командант на Трета бригада кумановска,погина еден од Битола, го заборајв како му бепе име. Беше и друг, троица погинаа у селото Морани. А нас не водеше Абдуш скопјанецот, па нас не водеше меѓу двете села, он го знаеше теренот и ние искочиме горе, гледаме разбираш, дојдоа едни авиони. Бугарски, некој еден - два. И гледаа едни кози, мислеа дека https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection сме ние партизаните, кога им викнаа на тие козите, удри. Козите бегај натака - навака, авионите си отидоа. И после ојдовме Лисиче, оттука ние, и у Лисиче беа сите затвореници што беа, се распоредија. Скопјаните си останаа за Скопје, велешаните за Велес, прилепчани за Прилеп, Битола битолчани. Од Кочани имаше за Кочани, Кумановци за Кумановци. Ние тогај ја формиравме Втората, овај, Осмата бригада, у село Општина. Мене тука ме поставија за делегат. На тој младински батаљон. А ко, а командант ни беше Љубе, овај, Јунукот. Он беше командант на нас. Целиот батаљон се млади бевме, дечишта. И, после добивме задача да одиме за Скопје, ова Умин дол, овај ваму, Шиптариве правеле проблеми. И мие дојдовме таму и Шиптариве ги протеравме кон Треска, оти си отидоа натаму. И ние го заземавме тоа Водно, седи гореме, таму имаше и бункери, и у бункерите ги протераме шо беа Германците и после тоа дојдоа Германци од Ѓорче Петров и почнаа да, да, да гаѓат сос топојте. И ние моравме, знаеш кога почнаа многу силно да маваат, да се повлекаме пак преку Водно од оваа страна. Е тогај се договорија нашиве, а, со Шиптариве да прават преговори. И еден командир, не се сеќавам како му беше точно името, битолчанец, он делегат, и уште двоица - троица наши, а па јас со тоа водот мој вршев обезбедување. И, ама местото беше вакастрмно, ние бевме наоколу поставени, и тие разговарале, разговарале, и тоа непоштено еден со пиштолот овдека у полните органи го, го ранил тој битолчанецот. И настана пукање. И мие пукаме така, ниско вака, додека ти го земеш на нишан он никне и метакот над него. И избегаа. И ние ги донесовме таму и после овој го закопаа, ми се чини у село Говрлево таму. И таму имаше споменик некој направен. И така, таа работа така заврши. Е после па ние одевме у Отиштино, па од Отиштино после отидовме за ваму западниот дел, накај ова, како се вика, Сува гора. Таму беше селото Говрлево и Седларово. Па таму водевме борба сос овие балистиве. И нив ги протераме натака, накај Тетово. И тогај мене ме унапредија. Поголем, поголемо звање ми дадоа. Па кога го ослободеме Скопје па потоа па комесар ме ставија на бригадата. И така терав и дојдов до мајор. И станав мајор на, на Југословенската армија. Временски код: 41 : 52 Интервјуист: Дали имавте заробеници во овие, во Македонија во овие битки? Сведок: Па ние види, у ратот кога беше балистите и делевме на два дела. Или ќе го пуштеш или ќе го ликвидираш. Ама тогај ги ликвидираа луѓето. Оти ние ги заробувавме и во село ќе му речевме: Каков е овој? Човекот е многу добар, нема ништо. Они судеа, не судевме https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection ние. Ако рекоа дека направил овоа, издал некого, утепал некого, вака, така, тие... Оти ние немавме затвор, кај ќе го носиш. Или ќе го пуштиме или... И така. Интервјуист: Видовте како ликвидираат заробеници? Сведок: Не сум, си имаше посебна група. Ние не, имавме посебна група, разбираш, тие се расправаа, стојат таму удбаши, други, треќи. А ние што бевме ваму, у армијата вака, ние само ќе ги фатеме и ќе ги предадеме, ним шо ќе им праат они ќе си превземат. Интервјуист: Каде заминавте по ослободувањето на Македонија? Сведок: Па по ослободувањето на Македонија ја, ме, ме бараа да идам у милиција. Оти у милицијата официри немаше. А овој велешанец беше, Панче, овај, Анче Андреев. Он персоналец, сите велешани и собираше. Ги собра за у полицијава. Интервјуист: Не, не. Ве прашувам, значи, откако завршија овие борби за Скопје, значи за западниот дел на Македонија, каде отидовте со партизанската единица? Каде се упативте? Сведок: Кога заврши Скопје? Интервјуист: Да. Сведок: Па ние кога завршивме Скопје после отидовме Тетово, па после Кос, Косово. Бевме прво у Гнилане, не, у Урошевац, па у Урошевац разбраме дека, а, Седумнаеста бригада е нападната и се, и се наваѓа у опасност. И нашиот батаљон, првиот батаљон го определија да иде, да им помогне на Седумнаеста бригада. И ние отидовме у Седумнаеста бриугада, овај стасавме така ранко. И добивме задатак мие да идеме од северната страна на, на градот, и ја напраив распоред на четата навечер така минеме, да ти кажам право, во една српска куќа, вареа кисел купус, овај, месо со кисел купус. Мене толку ми се јадеше, толку го сакам тај свинското месо сос расол, само минам, а на таа жената не и текнуе да ми даде. И ти викам одам таму поред куќата, абе толку ми се јадеше кисел купус мајката. Ама на жената уште не и беше готово јадењето. И после отидоме таму у едно теќе. И у тоа теќето влеговме, разбираш, распоред направивме и сабајле не нападнаа Шиптарите. И ние од источната страна, има едно брдо вака, ама чисто е. И тој, што ќе дојде ние косеме се. И они ајде оздола, од јужната страна, влегоа во градот и сега ќе не опколат. И ние дадовме заповед да се повлече четата на, на запад, и кога се повлечуеше на запад, од тоа џамијата еден оџа со еден пушкомитралез брише. Арно ама вака дека ние уз ѕидот над нас куршумите. Имаше кољи тоа коморава наша, ги истепа, ги очисти. А мие низ тоа сокаците натака, навака, се качиме таму на, на, на западниот дел, а па на запасниот дел имаше гробишта. И мие таму застанаме. https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection Нашето руководство немаше. На помош дојде еден батаљон Црногорци. И доваѓа тој:Где је ваше руководство? Не знам, некаде позадитаму. Е сад? Е сад ќе се договориме. И он, и он презеде командата. Ми ќемо сада са десне стране, у град уќи. А ви ќете са леве стране. А ние имавме едно пушкомитралеско одделение, митролези и минобацачи. И вика кога ќе дадам јас сигнал, оние светлечки меткои, и вие напред. И он едно време даде сигнал, ама ние шо бевме на тие минобацачите овдека овие куќи дали се српски, дали се албански или чиви се, ќе гаѓате да паднат внатре. И тие пукаа, гаѓаа, тие дека од плитар и кога се дигна една магла. И сега отаде ги стиснаа овие косоварите, ние од оваде и им дадовме простор да се повлечат овие Албанциве.А тие, а вие митролезиве што беа тука само ништат они. И го ослободивме, така се повлекоа и ние дојдовме у градот. После у градот се знае како. Тие што. Па имаше после се жалеа некои од овие селава шо се кај Морава, у Пасјане ги палеле куќите Албанци. И ние со четата отидовме у тоа селото Пасјане, таму се распоредивме. И таму едно петнаесет дена тука така очистивме бајаги. Теренот го очистиме и се смири работата. И после тоа па се повлековме у Гњилане отидовме, па од Гњилане отидовме па у ова, како се вика, на Прешево, тоа Бујаново. Па од тука отидовме за Скопје, па ојдовме за Гевгелија, па у Гевгелија у тоа касарната. Временски код: 48 : 14 Интервјуист: Дали освен, во Пасјане, дали видовте во Пасјане запалени куќи? Сведок: Па ние ги, па ние видовме запалени куќи, ние тогај ги, ги гасевме некои. Ги викнавме селаните да гасат, ние тие Шиптарите ги протеравме натака, навака, некои се издавија во, у Морава, некои заробивме и така. Знаеш војна ти е војна, нема тука. Интервјуист: Дали видовте запалени куќи или села на друго место? Сведок: Па ние кајшто бевме, ние слушавме дека има и на друго место, ама овдека кајшто имало највише таму отидовме ние. Интервјуист: А дали видовте цивилни жртви? Сведок: Од, од селаните? Не видовме ние тоа. Интервјуист: Моравме да направиме кратка пауза. Кажете ми, со доаѓањето на германските и бугарските војници во Вашето село, што се промени? Дали имаше некакво влијание врз животот во селото? Сведок: Па види, па имаше промени оти нашето село беше мешано. Имаше србофили и бугарофили. Оти ти кажав кога дојдоа прво Германците, тој дека у Бугарија бил подолго https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection време, тој знаеше да збори бугарски. И со наши се, разговараа луѓето за некои работи, разбираш. И после кога дојдоа Бугарите одма наметнаа нимна власт, нимно онакво, разбираш, и почнаа нас вака малку да не малтретираат, разбираш, да ни префрлат, ова, тоа, разбираш, не оптеретуева повечко со давачките. И стана тоа промената и после станаа тие организациски работи покасно, што ги спомнав прееска. Организирани работи. Временски код: 50 : 15 Интервјуист: Како мислите со давачките? Дали одземаа имот? Сведок: Само, само жито одзимаа. Вака имот друг не, само одзимаа стока. И жито. Тоа зимаа. Влна, таму јајца, шо ќе ти најдат, шо ќе те оптеретат да мораш да ги дадеш. Интервјуист: Вие видовте, дојдоа и во Вашата куќа да одземаат? Сведок: Па нашата куќа цело жито ни го издрпаја и на, на сестра ми, на тие од комшите, на девојките и го земаа чеизот, и тие накити шо имаа. Скапоцени накоти, работи, тие им ги земаа. Интервјуист: Кој ги зема? Сведок: Полицајците бугарски. Интервјуист: Вие ги видовте како дојдоа да ги одземат? Сведок: Не. Јас не, после ми кажуева нашите оти ја бев заминат оттука. Али ми кажаа после. Нашиве домашни. Интервјуист: Во Вашето село ми кажавте дека имало просрпски и пробугарски ориентирани. Сведок: Бугарофили и србофили. Интервјуист: Какво беше расположението помеѓу селаните кога дојдоа бугарските власти? Значи колкумина од нив беа, еве да речам, го одобруваа тоа? Сведок: Па види, у почетокот не се знаеше многу така знаеш, али имаше така надвласт над ни,нивни кметови, нивни овоа, нивни претставници разбираш. Али после, покасно време кога видоа дека мие тие кметови ги делкавме, ги онадуевме, почаа дамешаат и од тие што се србофилите. И од нив да ставаат да нема многу проблеми. А кога бевјас на, на тоа место, тогаш на тоа место Пуста кула, а, Германци шо беа доле у Африка, доле у Грција, се враќаа назад. А јастогај, па ти викам неискусен многу, и им викам: Кај ќе одите бе вие? И еден официр, ама тој знаеше малку вака бугарски, вика: Одеме од овдека, вика, идемо на Русија. Тој ми вика. Така ми вика, ама без да слушат многу овие другите. Вика: Одиме на Русија. И https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection се враќаа многу војници кои ќе одеја за Русија. И тоа, тоа ми го кажатој официрот. А ја бев толку, седумнајсет, немав осумнајсет години. Интервјуист: Зошто се одлучите, кој беше мотивот за да се вклучите во организацијата, да се вклучите во борбата против фашистите? Сведок: Па види сега тие се, така се тие пружни работи малку. Пошто у Србија почнаа партизани да се дојдат, да прават, да се наоружуват, разбираш, ние за тоа све слушаме. И ние како такви и ние почнавме да се организираме. Али мие се организиравме со велешката партиска организација, таа раководеше со све, разбираш, таа организираше и за одредот кога се формираше и сите задачи шо ги добивавме од Велес мие. Немавме врска со Србија. Интервјуист: Кога ми раскажувавте за оној момент кога Ве извадиле од автобусот и сакале да Ве стрелаат. Сведок: Аха. Интервјуист: Ми кажавте дека Ви ги одврзале рацете. Зошто Ви ги одврзаа рацете? Сведок: Па види. Настана мир, така тишина голема настана. И тогај они мислеа дека сите сме ликвидирани. Ама и ним, и они се плашеа оти партизаните беа наблизу и ни ги одврзаа рацете стана така тишина. И наеднаш Душан Димитриевски кога летна да бега и сите полицајци потрчаа по него. И го настасаа и сос пушките, со кундаците главата му ја скршија. После шо ми кажаа овие нашите. А ние па на другата страна избегавме. Интервјуист: Ми кажавте дека во затворот во Скопје имало и некој Аврам којшто бил Евреин. Сведок: Да. Да. Он, он, он ги бесеше луѓето. Аврам, пуничко беше така. Низок, пуничок човек. Он ги бесеше. Интервјуист: Тој беше чувар во затворот? Сведок: Он беше назирател, али одговорен беше за бесењето. Тој овие шо ги бесеа, он ги бесеше. А само кога го повредија, е тогај дојде Тошо Жути. Временски код: 55 : 10 Интервјуист: Тој беше Евреин по националност? Сведок: Не, тој. Кој? Интервјуист: Аврам. https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection Сведок: Аврам? Бугарин бе. Бугарин беше. Сите беа Бугари, само двајца имаше назаратели Македонци. Беше Стојан и овој Тошо Жути. Стојан беше шнајдер, беше назарател, а овој Тошо не знам шо работел, али у главно тие беа само двоица Македонци, сите беа Бугари. Интервјуист: А колку затвореници Евреи имаше во затворот? Сведок: Па беа само Ѓорѓи Блаер и Бранко Фриц, кај нас. Други немаше. А тие што беа во Бугарија тие сите останаа живи. Овие оти беа осудени не ги зедоа оттука. Издржуеја казна. Интервјуист: Што се случи со овој Фриц после, мислам по војната. Дали ја знаете неговата судбина? Сведок: На кого? Интервјуист: На Фриц. Сведок: На кого? Интервјуист: Па двајцата ми ги споменавте. Значи... Сведок: За овие Евреиве? Интервјуист: Да. Сведок: Па Бранко Фриц беше одговорен, работеше тука, разбираш, низ власта овдека у Скопје. А после почина. А Ѓорѓи Блаер, а, руководеше со затворот, овај, сос судиите, со обвинителите он руководеше, кога ги судева овие тука у Скопје, тие, тие криминалците Бугари. Јорданов, други, тречи што ги фативме. Интервјуист: Уште една работа само да разјасниме за да биде појасна. Кога ги употребувате зборовите чистење на теренот, чистење и делкање, на што мислите? Сведок: Па се знае на ошто чистење. На непријатели. Оти ја коа бев, ја коа бев у Идризово у затворот таму ме, ми рекоа да држам ја говор. Абе кај ја ќе држам говор, неписмен, полуписмен човек. Од село и да држам говор. А тука лекари, доктори, едни адвокати, забари, ја ќе држам говор. Не, ќе држеш. Абе остајте ме. И најпосле ме убедија. И ајте држам говор ваму и најпосле лупнав: Мора фашистите да се лупнат! И они: Бравооо. Му викам: Абе да не згрешив нешто? Не бе одлично, вика, тие одобруваат. Такви работи, знаеш, не тераа и послем, ама кога исскочиме надвор па знаеме да се однесуеме, да држеме говори. Интервјуист: Значи кога велите чистење на непријателот тоа значи убивање на... Сведок: Па така нешто слично. Убивање и затварање. Кога имаше затвори, затварај го. После шо правеа, ги судеа. А иначе додека немавме ние онаквој, се знаеше. Чистење шо е. Метла. https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection Интервјуист: А за крај да не сакате да кажете нешто што заборавивме да Ве прашаме, нешто што Ви текнува значи за, нешто што би било интересно? Сведок: Е сега, па не ви кажав само за Бојдев, за оној генералот. Оти партизански одреди кога зедоа толку замав голем, тогај напаѓаа општини, напаѓаа полициски станици, напаѓаа, разбираш, овие железничкиве линии. И не може, се прошири на скопска, на скопската околија, се определи на кавадаречка околија. И Бугарите бараа излез штода направат.Прво донесоа еден, а, една чета од, овај, Бугарија, од Плевен, спи, спицијална единица за борба против партизаните. И таа праеше многу проблеми. Ама не можеше и таа да се снајде, да се, да ги поништи овие партизаниве и после Бојдев со владата се договори све што има јатак да се ниште. И така почна вија ништењето на пример, еве за Рудник спомнав, па спомнав онаму у Долно Јаболчиште, таму беа уапсени некои идинаесет души, а па два-троица беа запалени у племња, у племња, па фрлени и изгорени, знаеш ама грозна слика. Па у, горе у ова Врановци, син и татко воденичари, виделе дека им помагаат на партизаните со леб, па ги зеле на едно два дрва, камења, па ги ставиле и ногите им ги кршеле. Интервјуист: Кој Ви го кажа ова? Сведок: Тоа ми го кажаа од селото, после. Воа се е што ми кажале, воа што го зборам. Што ми кажале. Па после, а, на петти децембар, овај, командантот што беше на новиот одред, овај, како го викаа, прилепчанецот Мицко Козар, он бил на планината горе, на врвот на, на Солунска глава и таму Бугарите го опколиле. И водел борба сос, сос ним, и до мракот се, не се предавал. И сакал да побегне. Арно ама навака било кратко, темница, лизгав терен, снег голем, се лизнал у една провалија и и до ден денеска не му се знае трагот. Па после на дваес шести децембар бугарската единица што ја пратиле у воа, воа шо сум го разбирал после го кажувам, а, на дваес шести воделе борба со партизанскиот одред и ја заробиле оваа, скопјанката, ах, како ја викаат, Дуња. Има школо у Скопје, како го викаат заборавив? Временски код: 1 : 01 : 23 Интервјуист: Невена Георгиева? Сведок: А Невена Георгиева. На нејзи и ја секле тие, преку, главата и по селата ја носеле за коса да набијат страв на селаниве. Па тоа ти викам, па после има овие богомилчани што ги фатија, па ним ги, ги најдоа и оџата од Соглеи од Габровник тие на седумнајсти фебруар, овај, април, октомбар по местото Шешеница, таму се однесени, па се стрелани сите. Интервјуист: Меѓутоа се ова слушнавте и разбравте по војната? https://collections.ushmm.org Contact reference@ushmm.org for further information about this collection Сведок: Па тоа по војната после, па ние имавме врска сос ним и они кажуваа. Ние што сме доживеале, они нас што доживеале. Овоа што го кажувам последното шо, шо сум слушал. Интервјуист: Ви благодарам господине Раде за разговорот. Сведок: Молим.

Comments